Веб страницата за домување во станбени згради нуди корисни информации за закони и правилници кои го регулираат домувањето во станбените згради, практични совети за станарите во станбените згради, информации за добавувачи на услуги кои придонесуваат кон квалитетно домување (поправки, одржување на лифтови, правни и сметководствени услуги за куќните совети, снабдување со електрична и топлинска енергија, водовод и канализација и друго), прашања и одговори за теми од областа на домувањето и други важни работи за квалитетно живеење.
Со цел збогатување на понудата на информации, теми и содржини на оваа веб страница, Ве охрабруваме да нѐ контактирате со прашања и сугестии за теми од областа на домувањето, кои сакате да бидат претставени или разработени. Контактот можете да го остварите преку е-маил адресата: info@habitat.org.mk.