Кавадарци, Неготино, Тетово и Куманово на листата на на општини која ќе има регистар на колективни станбени згради, следуваат и Гостивар и Центар Скопје

Click

Дека интересот за воспоставување на Регистар на станбени згради и станови, како и на Регистар на управители на станбени згради за секторот домување во Македонија бележи значаен интерес меѓу граѓаните, потврдуваат и потпишаните договори со локалните самоуправи, односно со општините: Кавадарци, Неготино, Тетово и Куманово. Нивниот пример го следат и Гостивар и општината Центар Скопје. Оваа иницијатива на Хабитат Македонија наидува на голем интерес, откако граѓаните ќе се упатат во бенефитите на квалитетното домување во колективни станбени згради. Енергетската ефикасност пак, е тренд кој се следи со големи чекори на светско ниво, а и Македонија се приклучува кон оваа неопходност и потреба. Сепак, дополнително постои и законска обврска за водење Регистар на станбени згради во општините, која постои со донесувањето на Законот за домување од 2009 година.

 

Хабитат Македонија заедно со општините ќе изработи регистар на колективни станбени згради и управители, а ќе одржи и обуки за граѓаните за тие да бидат информирани за поддршката што може да ја добијат за решавање на заедничките потреби, како што е тековно одржување на зградите, односно поволни заеми за поправка на фасадите, замена на прозорците, поправка на крив, лифтови итн.

На 3 октомври заменик директорот на Хабитат, Лилјана Алчева го потпиша меморандумот за соработка со градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, при што, покрај реновирањето на колективните станбени згради, како придонес кон поголема енергетска ефикасност, ќе се работи и на регистарот на станбени колективни згради и станбени заедници. Според градоначалникот, сѐ уште е мал бројот на станбени заедници во Кавадарци кои имаат ангажирано управител и ја имаат решено формата на управување, но сепак ова е почеток кој ветува напредок во ова поле.

Со пописот на сите станбени згради, што воедно е и законска обврска ќе се добие бројот на станбените згради и ќе се прецизира формата на управување во нив. А со проектите за енергетска ефикасност, пред сѐ на колективните станбени згради, ќе се овозможи заштеда на енергија и до 30-40 отсто. Сепак, за тоа треба да се направат сите потребни предуслови, но и да се смени односот на граѓаните кон оваа проблематика.


Извор: www.habitat.org.mk




За domuvanje.org.mk
Пред вас се наоѓа веб страница посветена на домувањето во станбени згради. Веб страницата за домување најпрво започна како Ресурсен центар, оформен како дел од проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикасност во секторот домување“…
повеќе
Партнери