Регистар

Регистрацијата на станбени згради е активност превземена од Хабитат Македонија која вклучува собирање на податоци според обврските од Законот за домување и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на станбените згради. Анализата на станбените згради се очекува да биде важен извор на податоци за општините, институциите, граѓанскиот сектор, деловниот сектор и особено за сопствениците на станови во колективните згради.

Активноста веќе беше завршена во три општини во тек на 2015 година, и Хабитат Македонија продолжува со реализацијата на овој проект во општините низ цела Македонија.

Регистарот како законска обврска содржи информации за основните градежни и енергетски карактеристики на станбените згради, како на пример информација за тоа во каква состојба е зградата, каква е фасадата, каква е состојбата на покривот, потоа податоци за градежниот материјал кој е искористен, дали се преземени мерки за енергетска ефикасност, кој управува со станбената зграда и слично.

Целта е подигање на капацитетот на станарите на станбените единици и унапредување на квалитетот на домување во колективните станбени згради во Македонија.

Општини во кои се изработени регистри на станбени згради