За нас

Како настана оваа веб страница и што претставува?

Пред вас се наоѓа веб страница посветена на домувањето во станбени згради. Веб страницата за домување најпрво започна како Ресурсен центар, оформен како дел од проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикасност во секторот домување“, со основна цел да придонесе кон ефикасно и ефективно справување со проблемите и прашањата кои произлегуваат од домувањето во станбени згради.
По завршување на проектот, Хабитат Македонија продолжи со одржување и збогатување на содржините, создавајќи веб страницата целосно посветена на домувањето во станбени згради. Така, денес нуди корисни информации за закони и правилници кои го регулираат домувањето во станбените згради, практични совети за станарите во станбените згради, информации за добавувачи на услуги кои придонесуваат кон квалитетно домување (поправки, одржување на лифтови, правни и сметководствени услуги за куќните совети, снабдување со електрична и топлинска енергија, водовод и канализација и друго), прашања и одговори за теми од областа на домувањето и други важни работи за квалитетно живеење.

За Хабитат Македонија

Здружението за хумано домување, Хабитат Македонија, е организација посветена на овозможување едноставни, пристојни и пристапни решенија за домување на семејства со ниски приходи кои живеат во потпросечни услови. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците. Како гранка на Habitat for Humanity International од 2005 година, Хабитат Македонија има помогнато на повеќе од 8.800 семејства со финансиска помош за градежни активности, допринесувајќи кон повеќе од 1.000.000 партнерски семејства на Хабитат во светски рамки.
Хабитат Македонија, во рамки на својата мисија, се залага за заживување на Законот за домување и комплетирање на законската рамка, како и за воспоставување отворен дијалог за подобрување на квалитетот на домувањето во Република Македонија. Работи на реализација на активности кои ќе доведат до подобрување на информираноста на граѓаните за правата и обврските во домувањето, зајакнување на нивните знаења и вештини за менаџирање на домувањето во колективните станбени згради, развива соработка со сите релевантни институции, организации и здруженија на национално и меѓународно ниво, спроведува истражувања, и други активности за хармонизирано домување. Имајќи ја предвид важноста на домувањето во секојдневното живеење на граѓаните и целокупниот развој на заедницата, Хабитат Македонија, ја оформи оваа веб страница и продолжува со нејзино одржување и зајакнување, се со цел активно да работи и да помогне во унапредување на домувањето и живеењето во Република Македонија.
За повеќе информации за Хабитат Македонија, ве молиме посетете ја веб страницата www.habitat.org.mk