Совети и практики

Промена на однесување

Покрај техничките мерки, кои во голем степен ја подобруваат енергетската ефикасност на становите и зградите во целост, промената на системот за греење и набавката на ЕЕ уреди за домаќинство, постојат некои мерки што може да се спроведат од страна на самите станари, односно домаќинства, мерки кои не бараат инвестиции. Само промена во однесувањето на корисниците може да генерира заштеда на енергија и да ја подобри енергетската ефикасност.

Првиот чекор во промената на однесувањето на корисниците е тие да станат свесни дека енергијата е производ како и секој друг и дека тие плаќаат за тоа. Потоа следи образованието, што доведува до промена во навиките. Преку едукација, корисниците, односно станарите можат да научат како да ја одржуваат енергетската ефикасност користејќи едноставни мерки. Само долгорочна промена во однесувањето на корисникот доведува до трајни заштеди. Овде набројуваме мерки за заштеда на енергија при секојдневното живеење на домаќинствата.

Поврзани објави

Поврзани објави