ЕЕ во станбени згради

Мерки за подобрување на енергетска ефикасност во станбените згради

Може да се предложат различни мерки за енергетска ефикасност, во зависност од видот на зградата и годината на изградба, како и во зависност од состојбата и бројот на станарите. Мерките се движат од едноставни мерки со ниски цени до сложени и (често) скапи,темелно реновирање. Тие се насочени кон неколку главни категории:

  • Мерки за намалување на топлинската спроводливост
  • Обвивка на зградите,
  • Систем за греење,
  • Подготовка на санитарна топла вода,
  • Користење на електрична енергија
  • Правни мерки и мерки за корисничко однесување,

Темелно реновирање на станбени згради

Темелните реновирања се обновувања кои значително ги намалуваат испорачаната и финалната потрошувачка на енергија на една зграда, споредено со нивоата пред реновирањето, што води до повисоки енергетски карактеристики. Според извештајот за финансиска поддршка за енергетска ефикасност на згради подготвен од Европската комисија во 2013 година, за темелни реновирања се сметаат оние зафати кои доведуваат до значителни (вообичаено повеќе од 60%) подобрувања во ефикасноста. Ваквите реновирања можат да вклучуваат и мерки кои не се насочени кон штедење енергија, како што се модернизација на електричната или водоводната инсталација. Неенергетските реновирања често се основа за подобрување на енергетската ефикасност.

Темелното реновирање за подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради опфаќа:

  • Мерки за намалување на топлинската спроводливост
    • Топлинска изолација на покрив и тавани
    • Топлинска изолација на фасада
    • Реновирање на балкони
    • Топлинска изолација на подруми, подрумски тавани и ѕидови
    • Топлинска изолација на цевки (на системите за греење и топла вода), цевна арматура/ фитинзи и изменувачи на топлина во подрумот
    • Замена на прозорци во становите и во заедничките простории
    • Замена на надворешни влезни врати
  • Мерки за обнова и подобрување на техничките инсталации
    • Монтирање автоматизирани грејни единици
    • Замена на котли и опрема за греење (пумпи, технологија за регулација и контрола, итн.)
    • Хидраулично балансирање на систем за загревање
    • Замена (модернизација) на системот за греење и инсталирање термостатски вентили на радијаторите (доколку е возможно, и систем за далечинско мерење кај секој посебен елемент) и замена на системот за греење со една цевка со систем за греење со две цевки Замена (модернизација) на системот за вентилација, инсталирање систем за вентилација со систем за регенерација на топлината
    • Замена на системот за снабдување со вода за пиење и топла вода
    • Замена или модернизација на лифтови
    • Замена на ламби и светилки со енергетско ефикасно ЛЕД осветлување, инсталација на сензори на движење во ходници и скалишни простори
    • Употреба на обновливи извори на енергија

 

Детален преглед на мерките и потенцијалните заштеди на енергија можете да најдете во Инвентарот на технички мерки за енергетска ефикасност кај енергетски сиромашните домаќинства, прирачник изработен во рамки на проектот ComAct – Активности за намалување ан енергетската сиромаштија во станбени згради, финансиран преку програмата на ЕУ Хоризонт 2020. https://comact-project.eu/wp-content/uploads/2021/06/D4.1-MK-1.pdf

Доколку не е возможно да се направи целосно реновирање на станбената зграда да се направи наеднаш, добра алтернатива е индивидуален план за реновирање, односно акциски план за координирани чекори кон постигнување на темелно реновирање за енергетска ефикасност. Зградата и потребата за реновирање се разгледуваат што е можно похолистички. Пред подготовката на планот претходат сеопфатни истражувања и консултации за конструкцијата на зградата и потрошувачката на енергија, додека истовремено се одржуваат разговори со сопствениците за планот за реновирање, со цел формирање реални очекувања и услови. Финансиските можности и посакувани мерки на станарите се споредуваат со објективните потреби за целокупната состојба на зградата. Во зависност од можностите на сопствениците, реновирањето може да започне со конкретни индивидуални чекори и систематски да продолжи во понатамошни чекори за реновирање (пакет мерки). Најважниот услов е да се има целокупен концепт за реновирање на зградата кој ќе стои зад сите чекори и мерки: тие се координираат и спроведуваат со цел постигнување на висококвалитетно долгорочно и темелно реновирање. Важно е да се има план за реновирање со цел да се избегне неефективно реновирање на зградите.

Финансирањето на спроведувањето мерки за енергетска ефикасност во станбените згради е посебен предизвик, а достапните инструменти во Македонија и модели може да се погледнат во делот Финансирање.

Поврзани објави

Поврзани објави