Со текот на времето изградбата на згради е подложена на постојан развој. Промените настанале како резултат на воведување на нови материјали и нови градежни техники архитектонски подобрувања или иновации, промени на естетиката, проширување на можностите, соодветен одговор за структурните штети, здравствената заштита и (од неодамна) заштеди на енергија. Движечки сили честопати се економските аспекти (конкурентност или минимизирање на трошоци), административни или законодавни/правни причини (барања за градежен код итн.), но од неодамна движечка сила се намалувањето на потрошувачката на енергија и енергетската ефикасност.
Хабитат Македонија со Регистарот на станбени згради и со електронскиот регистар на станбени згради во Македонија активно работи и на типологизација на станбените згради по методологијата ТАБУЛА.
Во Регистарот, каде во моментов има податоци за повеќе од 4.500 згради во 33 општини, може да се видат и пресметаат енергетските карактеристики на ниво на станбената зградапокриена градба што има ѕидови и во која се користи енергија за греење и климатизација на внатрешниот простор и може да се однесува на зграда како целина или на делови од зграда што се наменети или пренаменети за засебно користење More и согласно тоа да се предложат мерки за зголемента енергетска ефикасност. Параметрите за станбените згради за кои Хабитат собира податоци вклучуваат: геометрија на станбените згради, година на изградба, вид на користени градежни материјали, состојба на разни системи во зградите, начин на управување, итн.
Во склоп на проектот REELIH, развиена е методологија за проценка на енергетските барања за греење на станбените згради, користејќи ги податоците од Регистарот. Со оваа анализа, дополнително се проширува регистарот од 88 на 115 параметри по станбена зградапокриена градба што има ѕидови и во која се користи енергија за греење и климатизација на внатрешниот простор и може да се однесува на зграда како целина или на делови од зграда што се наменети или пренаменети за засебно користење More, вклучувајќи ги: годишните енергетски барања во постојна состојба, можните енергетски и финансиски заштеди при примена на повеќе мерки за енергетска ефикасност кај обвивката на зградите, висината на инвестицијата за секоја мерка, можните намалувања на емисии на штетни гасови, исплатливоста на секоја поединечна мерка, итн.