Електронскиот регистар овозможува пребарување, анализа и ажурирање на карактеристиките на станбениот фонд со цел да овозможи унапредување на квалитетот на домување во станбените згради и подобрување на енергетската ефикасностзголемување на енергетската ефикасност како резултат на технолошки промени, промени во однесувањето и/или економски промени More.
Преку оваа апликација имате пристап и може да ги добиете следните податоци:
- Општи податоци (адреса, година на градба, број на станови, година на реновирање, начин на управување на станбената зградапокриена градба што има ѕидови и во која се користи енергија за греење и климатизација на внатрешниот простор и може да се однесува на зграда како целина или на делови од зграда што се наменети или пренаменети за засебно користење More итн.),
- Географски локации на станбените згради на Google maps,
- Состојба, односно одржаност и оштетувања на фасадата, покривот, прозорците,
- Податоци за користениот градежен материјал,
- Начинот на управување на станбените згради,
- Енергетските барања за греење во постојната состојба,
- Процена на потенцијалните енергетски заштеди при примената на мерки за енергетска ефикасност,
- Пресметка на финансиската исплатливост на секоја поединечна мерка, како и пакет од сите мерки,
- Потенцијалните намалувања на емисии на штетни гасови во атмосферата при примената на мерки за енергетска ефикасност, односно намалување на влијанието врз околината и климатските промени.
Пристап до Електронскиот регистар на станбени згради во Македонија https://buildingmanagementweb.azurewebsites.net/
Електронскиот регистар е достапен и на англиски јазик.
Регистрацијата на станбени згради и Електронскиот регистар на станбени згради се активности кои се одвиваат во рамки на проектот REELIH – Енергетска ефикасност на домаќинства со ниски приходи со финансиска поддршка на USAID.