Совети и практики

ЕЕ уреди – Енергетски класи и потрошувачка на електрична енергија

При купување на нови уреди, треба да се одберат ги оние со ознака „енергетска ѕвезда“ – ENERGY STAR, тоа е паметен избор, бидејќи таквите уреди се во групата со најмала потрошувачка на електрична енергија.

Во продавниците за бела техника, кујнски апарати, аудио и видео уреди и опрема како компјутери и дополнителни уреди и опрема, речиси сите  апарати имаат ознаки со кои се означува на која енергетска класа и припаѓаат и колкава е просечната потрошувачка на енергија при користењето на тие апарати. Скалата на енергетски класи се изразува со букви и симболи: “А++”, “А+”,”А”,”B”, “C”, “D”, “Е”, “F”, “G”.

Најмногу енергетски ефикасни апарати и уреди, односно уреди со најмала просечна потрошувачка на електрична енергија се уредите и апаратите со ознаките “А” и тоа: „A++“, „A+“, „A“ како и оние со ознаката „B“.

При купување на ТВ или монитор, важно е да се обрне внимание на потрошувачката во режимот „stand by“. Новите апарати имаат видливо изразено ниско ниво на потрошувачка.

Енергетски ефикасно осветлување

Наједноставниот начин да се биде енергетски ефикасен е максимално да се користи дневната светлина. Затоа, редовно треба да се чистат прозорците, да не се поставуваат премногу растенија пред прозорците, како и темни завеси, и  масите во работните простории да бидат поставени за да бидат максимално осветлени од сонцето.

Со ефикасно користење на енергијата, може да се постигнат значителни заштеди во потрошувачката на електрична енергија и со тоа да се намалат сметките за електрична енергија.

Шест обични светилки од 25W заедно даваат исто количество светлина како и една светилка од 100W. Не само тоа, туку и таков „букет“ светилки троши дури 50% повеќе енергија. Затоа, подобро е да се користи една светилка со поголема моќност наместо неколку светилки со помала моќност.

Дополнително штедливите светилки имаат до десет пати подолг век на траење од обичните. Значи, обичните светилки во просек траат до 1.000 часа, а оние што штедат енергија траат повеќе од 10.000.

Исто така, со обични светилки, само 5% од вложената енергија се претвора во светло, додека остатокот се претвора во топлина. Затоа, светлото треба да се исклучи во простории каде што луѓето ретко престојуваат.

Најдобро е да се избере светилка од класа А. Светилката од Б-класа е затемнета, но не троши многу повеќе електрична енергија во споредба со светилка од А-класа, така што може да се купи доколку има разумна цена.

Изборот на моќноста на светилката зависи од тоа каде треба да се постави. Табелата го прикажува приближниот однос на моќноста на класичните светилки со блескаво светло и „светилки за заштеда на енергија“, па затоа е најдобро да се ориентирате на тој начин.

Дополнителни мерки за заштеда на осветлување:

  • Да се најде во просторот најефикасното место за осветлување со подни и столни ламби;
  • Бирото треба да биде поставени во близина на прозорецот;
  • Да се одбегнуваат темни и силно дезенирани завеси;
  • Да не се поставуваат големи растенија пред прозорецот.
Класична светилка Штедлива светилка LED светилка
40W 9 – 13W 3W
60W 13 – 15W 5-7W
75W 18 – 25W 8-9W
100W 23 -30W 12-15W
150W 30 – 52W 17-20W

На пазарот се нудат три бои на светлина што произведуваат „штедливите светилки“ како и лед светилки. Тоа се бела, жолта и дневна светлина, т.е. топло меко бело и бело светло и дневно светло. Се препорачува да се користи топло меко бело или дневно светло за просториите каде што е подолг престојот. Белата светлина се препорачува за читање, бидејќи создава подобар контраст на црни букви на бела хартија. Бојата на светлината се изразува во Келвини (К). Колку е помал бројот, толку е „потопла“ светлината. Пакувањето треба да ги содржи овие информации.

Иако формата на светилката може да звучи тривијална, покрај моќноста и бојата, треба да се внимава за која позиција е купена „светилката за заштеда на енергија“, бидејќи постојат различни форми како прачка, правилна и издолжена сферична или топчеста форма и спирала. Тие се разликуваат главно во должина или висина.

Поврзани објави

Поврзани објави