ЕЕ во станбени згради

ЕЕ реновирање на станбени згради

Станбените згради треба темелно да се реновираат на секои 30 до 50 години, во зависност од квалитетот на градбата. Истовремено, постоечките големи префабрикувани згради, особено оние во поранешните социјалистички држави, изградени помеѓу 1950тите и 1990тите години, во денешно време не само што страдаат од лош квалитет на конструкцијата, туку и од сериозен недостаток на редовно одржување и реновирање. Овие згради имаат оштетувања и недостатоци во нивната конструкција и обвивка, технички инсталации и енергетска ефикасност.

Придобивки од подобрување на енергетската ефикасност на зградите

По реновирањето, сопствениците имаат пониски трошоци за одржување. Трошоците за одржување речиси целосно се намалуваат во првите неколку години по темелното реновирање, а животниот век на зградата значително се зголемува.

Реновирањето со помош на советник за енергија кој се грижи за квалитетот на работата, значително придонесува кон намалување на потребата на енергија за греење и потребите за топла вода. Станарите можат да бидат помалку засегнати од зголемување на цените за комунални услуги. Одложување на реновирањето ќе доведе до повисоки трошоци во иднина, поради постојаниот раст на цените на материјали и изведба.

Мерките за енергетска ефикасност можат да поттикнат подобрување на физичкото и менталното здравје преку создавање здрави услови за живеење во домот со пријатна температура, соодветни нивоа на влажност и бучава, како и подобрен квалитет на воздухот внатре и надвор. Зафатите за подобрување на изолацијата и системите за греење и вентилација можат да имаат позитивно влијание врз квалитетот на воздухот, намалувајќи ги респираторните и кардиоваскуларните болести, ревматизам, артритис и алергии.

Енергетската сиромаштија е, исто така, тесно поврзана со менталното здравје, делумно поради финансискиот стрес од справување со високи сметки за енергија и долгови. Мерките кои ја подобруваат енергетската ефикасност и ги намалуваат сметките за енергија кај домаќинствата со ниски приходи можат да имаат мерлив ефект врз подобрувањето на менталната благосостојба (на пример среќа и справување) и превенција на ментални нарушувања (пр. анксиозност и депресија). Реновирањето со помош на советник за енергија кој се грижи за квалитетот на работата, значително придонесува кон намалување на потребата на енергија за греење и потребите за топла вода.

Станарите можат да бидат помалку засегнати од зголемување на цените за комунални услуги. Одложување на реновирањето ќе доведе до повисоки трошоци во иднина, поради постојаниот раст на цените на материјали и изведба. По реновирањето, дистрибуцијата на топлина во становите се подобрува и станарите можат да ја регулираат температурата. Подобрениот квалитет на воздухот, како резултат на модернизираниот систем за вентилација, помага при контрола на влажноста на воздухот, спречувајќи појава на влага и мувла, што е причинител за влошување на здравствената состојба на станарите.

Намалување на загадувањето на животната средина е директна последица на намалената потрошувачка на енергија. Реновирањето игра важна улога во борбата против глобалното затоплување, како на пример, преку намалување на емисиите на издувни гасови од системите за греење на станбените згради.

Реновирањето може да биде алатка за зголемување на вредноста на зградата во целост и на поединечните станови. Сопствениците имаат корист од пазарната привлечност на становите за продажба и издавање и преку зголемената пазарна вредност на зградата после поправките. Обновената и изолирана фасада на зградата има подобар естетскиот изглед и ја зголемува вредноста на целото соседство.

Поврзани објави

Поврзани објави