Законодавство

ЕУ Регулатива

ЕУ програми за енергетска ефикасност во домувањето

Европски Зелен договор – European Green Deal

Новиот Европски зелен договор на Европската унија (ЕУ) и нејзините граѓани од 2019 година, ја реставрира заложбата на Комисијата за справување со климатските предизвици и предизвиците поврзани со животната средина, што е задача на оваа генерација. Европскиот зелен договор е одговор на овие предизвици. Тоа е нова стратегија за раст, која има за цел да ја претвори ЕУ во фер и просперитетно општество, со модерна, ефикасна и конкурентна економија каде што во 2050 година нема емисии на стакленички гасови и каде економскиот раст е независен од употребата на ресурси.

Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијална закана за Европа и светот. За да се надминат овие предизвици, Европскиот зелен договор има за цел да ја трансформира ЕУ во модерна, ефикасна за ресурси и конкурентна економија, обезбедувајќи:

  • да нема нето емисии на стакленички гасови до 2050 година,
  • економски раст одвоен од користењето на ресурсите,
  • да нема личност и место кое е оставено да заостанува.

Договорот, исто така има за цел да го заштити, конзервира и зајакне природниот капитал на ЕУ и да го заштити здравјето и благосостојбата на граѓаните од ризици и влијанија поврзани со животната средина. Во исто време, оваа транзиција мора да биде праведна и инклузивна. Таа мора да ги стави луѓето на прво место при што ќе се обрне внимание на регионите, индустриите и работниците кои ќе се соочат со најголемите предизвици. Бидејќи тоа ќе донесе значителна промена, активното учество на јавноста и довербата во транзицијата е од најголема важност за политиките  да бидат прифатени. Потребен е нов пакт за да се соберат граѓаните во целата своја разновидност, при што националните, регионалните, локалните власти, граѓанското општество и индустријата ќе соработуваат тесно со институциите и консултативните тела на ЕУ.

Зелениот договор е составен дел од стратегијата на Комисијата за спроведување на Агендата за 2030 година на Обединетите нации и целите за одржлив развој и другите приоритети

Придобивки од Европскиот зелен договор

Европскиот зелен договор ќе ја подобри благосостојбата и здравјето на граѓаните преку обезбедување на:

  • Чист воздух, чиста вода, здрава почва и биодиверзитет,
  • Реновирани, енергетско-ефикасни згради,
  • Здрава и достапна храна,
  • Повеќе јавен транспорт,
  • Почиста енергија и напредни иновации за чисти технологии,
  • Долгорочни и продукти кои може да се поправат, рециклираат и повторно да се користат,
  • Работни места на иднината и обука за вештини за транзицијата,
  • Глобално конкурентна и прилагодлива индустрија.

Повеќе информации за Европскиот Зелен Договор: https://ec.europa.eu/info/strategy/priorities-2019-2024/european-green-deal/delivering-european-green-deal_en

Директива на ЕУ за енергетски перформанси на згради

Ревидирана во 2018, и консолидирана на 01.01.2021 година, директивата помага за да се постигнат целите при изградба и реновирање на згради за зголемување на енергетската ефикасност според целите дадени во Европскиот зелен договор.

Интегралниот текст на Директивата и сите верзии на сите јазици на ЕУ земјите може да најдат на овој линк: https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX:32010L0031

Опсерваторија на станбен фонд на ЕУ – EU Building Stock Observatory (BSO)

EU Building Stock Observatory (BSO) е веб алатка си која се мониторираат енергетските перформанси на зградите во Европа. Создадена е во 2016 година како дел од пакетот Чиста енергија за сите Европејци и има за цел да обезбеди подобро разбирање за енергетските перформанси на градежниот сектор преку сигурни, конзистентни и споредливи податоци.  Потранспарентните информации за зградите можат да го поддржат следењето на спроведувањето на различни мерки и да придонесат за идното креирање политики. Според тоа, податоците објавени во BSO можат да бидат многу корисни за креаторите на политики, инвеститорите, засегнатите страни, локалните и националните власти и истражувачите.

BSO содржи база на податоци, мапер на податоци и листи на податоци за следење на енергетските перформанси на зградите низ Европа.

Опфаќа широк опсег на теми поврзани со енергијата и обезбедува информации за станбениот фонд, потрошувачката на енергија, градежните елементи и инсталираните технички системи на зградата, сертификатите за енергетски карактеристики, зградите со речиси нула енергија и стапките на реновирање, но и области како енергетската сиромаштија и финансиските аспекти.

Повеќе информации: https://energy.ec.europa.eu/topics/energy-efficiency/energy-efficient-buildings/eu-building-stock-observatory_en

Реновациски бран – Renovation wave

Во 2020 година Европската Комисијата ја објави стратегијата „Бран на реновирање за Европа – позеленување на нашите згради, создавање работни места, подобрување на животот“ за да се поттикне реновирањето во ЕУ.

Таа има за цел да ги удвои годишните стапки на обновување на енергијата во следните 10 години. Освен што ќе ги намалат емисиите, овие реновирања ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето кои живеат во и ги користат зградите и треба да создадат многу дополнителни зелени работни места во градежниот сектор.

Бранот за реновирање идентификува 3 фокусни области:

  • Справување со енергетската сиромаштија и зградите со најлоши перформанси
  • Јавни згради и социјална инфраструктура
  • Декарбонизирање на греењето и ладењето

Повеќе информации се достапни на: https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?qid=1603122220757&uri=CELEX:52020DC0662

Згради со енергија близу до нула- Nearly zero-energy buildings (NZEB)

Новиот предлог на ЕУ е да се придвижи трендот од сегашните згради со близу до нула енергија во згради со нулта емисија – Zero Energy Buildings (ZEB) до 2030 година.

Предлогот на Комисијата за ревидирање на директивата (декември 2021 година) прави чекор напред од сегашната NZEB кон зграда со нулта емисија (ZEB), усогласувајќи ги барањата за енергетските перформанси за новите згради со долгорочната цел за климатска неутралност и по принципот „енергетска ефикасност на прво место“.

Според предлогот на директивата, зграда со нула емисии се дефинира како зграда со многу високи енергетски карактеристики, при што многу ниската количина на енергија која сѐ уште е потребна е целосно покриена со енергија од обновливи извори и без емисии на јаглерод од фосилните горива на лице место.

Барањето ZEB треба да се применува од 1 јануари 2030 година за сите нови згради, а од 1 јануари 2027 година за сите нови згради во кои работат или се во сопственост на јавните власти.

Додека фокусот на предлогот е намалувањето на емисиите на стакленички гасови, дефиницијата ZEB дополнително го вклучува пресметувањето на животниот циклус на потенцијалот за глобално затоплување (GWP) и неговото откривање преку сертификатот за енергетски карактеристики на зградата. Ова барање треба да важи од 1 јануари 2027 година за сите нови згради со корисна површина поголема од 2000 квадратни метри и од 1 јануари 2030 година за сите нови згради.

Повеќе информации: https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX:32016H1318

Пакет мерки Fit for 55

Пакетот Fit for 55 е збир на предлози за ревидирање и ажурирање на законодавството на ЕУ и за воведување нови иницијативи со цел да се осигура дека политиките на ЕУ се во согласност со климатските цели договорени од Советот и Европскиот парламент.

Fit for 55 се однесува на целта на ЕУ за намалување на нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 55% ​​до 2030 година. Предложениот пакет има за цел да го усогласи законодавството на ЕУ со целта за 2030 година.

Пакетот предлози има за цел да обезбеди кохерентна и избалансирана рамка за постигнување на климатските цели на ЕУ, кои:

  • обезбедува праведна и социјално правична транзиција
  • ги одржува и зајакнува иновациите и конкурентноста на индустријата на ЕУ, истовремено обезбедувајќи рамноправни услови за играње во однос на економските оператори од трети земји
  • ја поткрепува позицијата на ЕУ како водечки во глобалната борба против климатските промени

Пакетот Fit for 55 беше доставен до Советот на ЕУ во јули 2021 година и за него се дискутира во неколку области на политиката, како што се животната средина, енергијата, транспортот и економските и финансиските прашања.

Повеќе информации: https://www.consilium.europa.eu/en/policies/green-deal/fit-for-55-the-eu-plan-for-a-green-transition/#:~:text=Fit%20for%2055%20refers%20to,line%20with%20the%202030%20goal.

Поврзани објави

Поврзани објави