Чинители

Стручна јавност

Во најголем обем како дел од државните институции, државните универзитети или во улога на креатори на политики и контролори на имплементацијата, стручната јавност е дел од Властите како чинител, но сепак тука ја одделуваме оваа група на чинители.

И во самиот Закон за енергетска ефикасност е наведено дека заради остварување на целите на политиката на енергетската ефикасност, надлежните државни органи и останатите субјекти активни во областа на енергетската ефикасност остваруваат соработка со научни, образовни и стручни институции и организации.

Во стручна јавност во оваа смисла за имплементација на Законот за енергетска ефикасност се сметаат и овластените енергетски контролори во индустријата и комерцијалниот сектор чии овластувања преку испити ги дава Министерството за економија.  Со овластување за енергетски контролор во индустријата и комерцијалниот сектор може да се стекне секое физичко лице кое има најмалку високо образование во областите и насоките утврдени со Правилникот за енергетски контроли во индустријата и комерцијалниот сектор, кое се потврдува со диплома за завршено високо образование VII/1 или диплома согласно со Болоњската декларација најмалку со 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), има најмалку пет години работно искуство на работи на испитување, проектирање, надзор, одржување или водење на енергетски или процесни постројки, вршење на енергетски контроли или други енергетски услуги во индустријата и комерцијалниот сектор, или работа на стручни или научни дејности од областа на енергетиката; поседува уверение за завршена обука за енергетски контролор во индустријата и комерцијалниот сектор кај правните лица овластени за спроведување на обуки за енергетски контролори во индустријата и комерцијалниот сектор; и има положен стручен испит за енергетски контролор во индустријата и комерцијалниот сектор.

Поврзани објави

Поврзани објави