Надлежностите и обврските на властите како чинители во процесот на унапредување на енергетската ефикасност се однесуваат пред сѐ на создавање на „клима“, односно услови за унапредување на енергетската ефикасност.
Нивната улога е клучна во креирањето и усвојување политики кои поставуваат цели на ниво на држава за заштеда на енергија и намалување на емисии на стакленички гасови, ги дефинираат стандардите за енергетски карактеристики на зградите и технологиите, се грижат за исполнување на обврските преземени со ратификувани меѓународни договори, предлагаат и усвојуваат закони и подзаконски акти, го контролираат спроведувањето и имплементацијата на законите.
Властите, може да ги реформираат регулаторните политики во електроенергетскиот сектор по потреба за да им овозможат на комуналните претпријатија да спроведуваат програми за енергетска ефикасност за клиенти.
Властите се грижат и за финансиската поткрепа и поддршка на енергетската ефикасност во домувањето преку стимулации/ субвенционирање на реновирања за енергетска ефикасност, набавка на ЕЕ уреди, може да предложат или воведат ослободувања од данокот на додадена вредност (ДДВ) за енергетски ефикасни производи, овозможуваат директна финансиска поддршка за ранливите и маргинализирани групи за намалување на енергетската сиромаштија.
Улогата и надлежностите на централните власти и локалната самоуправа се дадени во поглавјето Законодавство.