Финансирање

Поволни заеми за имплементација на мерки за енергетска ефикасност во станбени згради од Хабитат Македонија

Заемите може да бидат:

  • Индивидуални заеми за сопствениците на станови
  • Заеми за Заедници на сопственици, Управители и специјализирани компании (градежни компании и компании за менување на балконски прозори и врати).
  • Хабитат заеми за енергетска ефикасност преку штедилница Можности и микрокредитна фондација Хоризонти.

Обем на финансирање

  • Револвинг фонд од 900.000 УСД
  • Период на финансирање: 3 години за кредити за прозорци, врати; до 7 години за фасада
  • Финансиски услови: 3-6% каматна стапка, субвенција од општините за фасада 30% (2 општини покриваа 100% од трошоците за фасада, но таа практика веќе не постои)
  • Просечен износ на заемот: 2.000 €
  • Други придобивки од имплементацијата на механизмот за финансирање: Обезбедување субвенција од општинскиот буџет за енергетска надградба на станбени згради, мотивирање на микро-финансиските институции да развиваат и нудат заеми на ранливите групи и на сопствениците на куќи во руралните области.

Детали

Револвинг фондот е основан во 2009 година и се користи преку пет различни финансиски модели: директни заеми на сопствениците на куќи; со општински субвенции; за заедници на сопственици на станови; на специјализирани компании (градежна компанија); преку микро-финансиските институции. Кредитите за енергетска ефикасност за индивидуални куќи се распределуваат преку две партнерски микро-финансиски институции: Можности и Хоризонти. Главната цел е да се развијат одржливи финансиски модели и збир на активности за да им се помогне на македонските домаќинства кои живеат во станбени згради да ја намалат својата ранливост од зголемување на цените на енергијата и да го намалат загадувањето на воздухот. Преку овие активности беа развиени шест финансиски модели кои ги поддржуваат домаќинствата да ја намалат потрошувачката на енергија за 20-40%. Програмата понуди заеми на здруженија на станари, развивајќи го првиот таков производ како предуслов за подобрување на енергетската ефикасност во станбени згради. Партнерските микро-финансиски институции развија и испорачуваат кредитни производи за индивидуални куќи, покривајќи ги ранливите групи и руралните области. До сега по оваа програма, постигнати се годишни намалувања на емисиите на CO2 за 3.670 тони и годишна заштеда на енергија од 7.910MWh.

Финансирањето во станбените згради се одвива вообичаено на следниот начин:

  1. Промовирање на финансиска можност за надградба на енергетската ефикасност кај сопствениците на станови,
  2. Олеснување на процесот на обезбедување согласност меѓу сопствениците на станови за започнување со реновирање на станбените згради,
  3. Нудење заеми на сопствениците на станови/здруженија на станари и испитување на кредитната способност (ако заемите одат директно преку Хабитат Македонија) или нивно поврзување со микро-финансиски партнери,
  4. Обезбедување заеми за надградба на енергетската ефикасност за сопствениците на станови кои користат различни финансиски модели,
  5. Следење на отплатата на заемот и доградба за енергетска ефикасност, обезбедување технички совети за сопствениците на куќи кога е потребно.

Во овој документ е објаснет пристапот, постапката и условите за спроведување на програма за ЕЕ во станбени згради со субвенција од општина.

Повеќе информации: http://www.habitat.org.mk/

Поврзани објави

Поврзани објави