ОН – Цели за одржлив развој
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет.
17 цели се утврдени од страна на Обединетите нации и се промовирани како „Глобални цели за одржлив развој“. Тие ги заменуваат Милениумските развојни цели, чијшто временски период на исполнување заврши на крајот од 2015 година. Целите за одржлив развој се спроведуваат од 2015 до 2030 година. Се состојат од 169 потцели и 247 показатели за мерење на напредокот кон нивното постигнување.
На 25 септември 2015 година, 193 држави, вклучувајќи ја и Македонија, се согласиле за овие 17 цели.
Повеќе детали за целите можете да најдете на веб страницата на ОН –https://northmacedonia.un.org/mk/sdgs
Целите 7, 11 и 13 особено се поврзани со енергетската ефикасност во домувањето.