Чинители

Граѓански сектор

Граѓаните како индивидуалци и потрошувачи на енергија и како дел од заедницата преку граѓански здруженија и невладини организации се можеби најважната алка во синџирот на обезбедување на енергетска ефикасност.

  • Граѓаните

За да може да има програма за енергетска ефикасност, граѓаните, потрошувачите, семејствата, треба да ги разберат придобивките од енергетската ефикасност, да бидат информирани за влијанието кое го имаат мерките за енергетска ефикасност врз нивното влијание врз животната средина, а пред сѐ врз домашниот буџет, да бидат информирани за субвенциите и можностите за финансирање на овие мерки, да бидат информирани и мотивирани за промена на однесувањето во однос на заштедата на енергија и влијанието кое може да го предизвикаат овие промени во однос на финансиите и влијанието врз климатските промени. Оваа група на засегнати страни најдобро ги разбира бариерите, без разлика дали се информативни или технички, кои стојат помеѓу нив и изборот за енергетска ефикасност.

  • Невладини организации и граѓански здруженија

Невладините организации со блиски врски со заедниците можат и да ги едуцираат потрошувачите за енергетската ефикасност и да ги ангажираат заедниците за имплементација на мерки за енергетска ефикасност. Невладините организации даваат поддршка за иницијативи за ЕЕ меѓу креаторите на политиките, спроведуваат проекти со помош на донатори за подобрување на енергетската ефикасност и може да претставуваат интегратор на сите засегнати страни во процесот на унапредување на енергетската ефикасност, како:

Поврзани објави

Поврзани објави