Алатки за пресметка на ЕЕЕЕ во домување

Регистар на станбени згради

Регистрацијата на станбени згради е активност која Хабитат Македонија ја спроведува од 2015 година, која вклучува собирање на податоци според обврските од Законот за домување, како и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на станбените згради. Анализата на станбените згради е важен извор на податоци за општините, институциите, граѓанскиот сектор, деловниот сектор и особено за сопствениците на станови во колективните згради.

Регистарот како законска обврска содржи информации за основните градежни и енергетски карактеристики на станбените згради, како на пример информација за тоа во каква состојба е зградата, каква е фасадата, каква е состојбата на покривот, потоа податоци за градежниот материјал кој е искористен, дали се преземени мерки за енергетска ефикасност, кој управува со станбената зграда и слично.  Целта е подигање на капацитетот на станарите на станбените единици и унапредување на квалитетот на домување во колективните станбени згради во Македонија.

До јануари 2022 година, со регистарот на станбени згради и управители евидентирани се вкупно 4535 станбени згради и 123.482 станбени единици, во вкупно 33 општини, поточно, Карпош, Аеродром, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба, Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино, Куманово, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Богданци, Македонска Каменица, Демир Хисар, Дојран, Пробиштип, Радовиш, Македонски Брод, Берово, Охрид, Валандово, Бутел, Делчево, Пехчево, Виница, Свети Николе, Кочани, Кратово, Вевчани, Гевгелија, Ресен и Центар. Регистарот постојано се надградува и ажурира.

Целосниот регистар на станбените згради може да го најдете на линкот.

Паралелно со овој процес на кон крајот на 2021 година Хабитат Македонија го пушти во функција и Електронскиот регистар на станбени згради, алатка која овозможува пребарување, анализа и ажурирање на карактеристиките на станбените згради пред сѐ во насока на подобрување на нивната енергетската ефикасност.

Поврзани објави

Поврзани објави