ЕЕ во домувањеОбновливи извори за ЕЕ

Обновливи извори за ЕЕ

Обновливата енергија, која често се нарекува чиста енергија, е енергија што доаѓа од природни извори или процеси кои постојано се надополнуваат односно се регенерираат.

Одреден вид енергија може да се нарече „обновлив извор“ кога:

  1. Нејзиниот извор не може да исчезне (како сонцето, ветерот), или може лесно да се замени (како дрвото, но само доколку се користи плански и умерено, бидејќи може да се насадат дрвја и да се користат за енергија),
  2. Нивните извори не содржат јаглерод. Ова значи дека тие не произведуваат јаглеродни соединенија кои го загадуваат воздухот,
  3. Кога тие не ја загадуваат животната средина (воздух, копно или вода, не го загрозуваат живиот свет)

Во обновливи извори на енергија спаѓаат:

Еолска енергија – енергија добиена со искористување на силата на ветерот. Воздушните струи (ветер) имаат големи количини на енергија, која може да биде претворена во електрична енергија со користење на ветерници. Ветрот ги врти перките на ветерницата, кои се поставени на оска, која пак се поврзува со генератор кој произведува електрична енергија. Тие се често поставени на високи ридови и планински сртови на избрани ветровити места,

Соларна енергија – добиена со искористување на топлината и светлината на сонцето. Сончевата енергија, се смета за важен извор на енергија, за многу години, бидејќи Сонцето на Земјата и предава огромни количини на енергија кои се лесно достапни со помош на модерната технологија.

Хидро енергија – добиена со искористување на водените текови, односно се добива со движење на водата. Ваквата енергија може да биде претворена во корисна енергија на различни начини. Енергија од водата може да се добие преку хидроелектричните централи, Хидро-енергијата спаѓа во обновливи извори само доколку се искористува без да го загрози или наруши животот и опстанокот на животинскиот и растителниот свет при изградбата на мали хидро-електрани.

Геотермална енергија – добиена со искористување на топлината од внатрешноста на земјината кора. Со помош на соодветна технологија, таканаречената геотермална енергија, се пренесува до површината на земјата и се користи за производство на електрична енергија.

Енергија добиена од биомаса – Биомасата како гориво се состои од материи кои некогаш биле живи или се отпаден производ од живите организми: производи од дрво, сува вегетација, остатоци од житни култури, водни растенија, па дури и отпад и измет од животни кои живеат на фармите. Изумрените растенија содржат многу енергија која е зачувана во хранливите материи кои се создале преку процесот на фотосинтеза. Оваа зачувана енергија најчесто се ослободува со горење и може да се претвори во енергија добиена од биомаса.

Дрвото како гориво (биомаса) се добива со сечење на дрвја и мртва дрвна маса, но за негово обновување е потребно долго време па не се смета за енергија добена од обновливи извори.

Енергијата на плимата и осеката или научно позната како плима на енергија е онаа што произлегува од искористување на плимата и осеката, тоа е, разликата во просечната висина на морињата според релативната позиција на Земјата и Месечината и што произлегува од гравитационата привлечност на вторите и Сонцето на водните маси на морињата.

Наспроти обновливите извори се необновливите извори на енергија. Тие би можеле да се дефинираат како извори за чии резерви се очекува да бидат исцрпени максимално за неколку стотини години, а чие обновување би траело повеќекратно подолго. Од необновливите извори енергијата се добива со согорување, а кога тие еднаш ќе согорат, не можат повторно да се користат. Необновлива енергија е енергијата од фосилните горива (јаглен, нафта, природен гас) и ураниумот. Енергијата во фосилните горива главно е складирана во јаглеродот кој го содржат.

Поврзани објави

Поврзани објави