Хабитат Македонија и општината Гази Баба
потпишаа меморандум за соработка

Хабитат Македонија го поддржува процесот на регистрација на станбени згради на целата територија на Република Македонија. Регистрацијата на станбени згради превземена од Хабитат Македонија вклучува собирање на податоци според обврските од Законот за домување и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на зградите. Анализата на станбените згради се очекува да биде важен извор на податоци за општините, институциите, граѓанскиот сектор, деловниот сектор и особено за сопствениците на станови во колективните згради.

Активноста веќе беше завршена во три општини во тек на 2015 година, и Хабитат Македонија продолжува со реализацијата на овој проект во општините низ цела Македонија. Една од првите во кои овој проект продолжува е Општина Гази Баба.

Така, продолжувајќи ја досегашната соработка, Хабитат Македонија и општина Гази Баба во февруари 2016 година започнуваат со спроведување на новиот проект за евиденција и воспоставување на Регистарот на станбени згради и станови и Регистарот на управители на станбените згради. Оваа законска обврска на општината е веќе неколку години наназад, но како и доста други општини, не е во целост исполнета. Новиот проект ќе трае три месеци и вкулучува изготвување на Регистар на станбени згради и регистар на управители на станбени згради. Хабитат Македонија и општина Гази Баба ќе започнат со собирање податоци за регистарот, како и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на станбениот фонд во општината. Податоците во унифициранатра националана база ќе се користат понатаму во општинските урбанистички и комунални планови, приоритизирање на потребите на граѓаните – станари и соработка со бизнис секторот во делот на новите градежни инвестиции. Досега, Хабитат Македонија и општина Гази Баба имаат соработувано и во рамки на пилот проектот на УСАИД за подобрување на енергетската ефикасност преку обнова на фасадите на колективните станбени згради.

Регистарот како законска обврска, би содржел информации за основните градежни и енергетски карактеристики на станбените згради, како на пример информација за тоа во каква состојба е зградата, каква е фасадата, каква е состојбата на покривот, потоа податоци за градежниот материјал кој е искористен, дали се преземени мерки за енергетска ефикасност, кој управува со станбената зграда и слично. Целта е подигање на капацитетот на станарите на станбените единици и унапредување на квалитетот на домување во колективни станбени згради.


Извор: www.habitat.org.mk


Click Click Click


За domuvanje.org.mk
Пред вас се наоѓа веб страница посветена на домувањето во станбени згради. Веб страницата за домување најпрво започна како Ресурсен центар, оформен како дел од проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикасност во секторот домување“…
повеќе
Партнери