Услови за користење

Добре дојдовте на веб страницата www.domuvanje.org.mk на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија (во понатамошниот текст Хабитат Македонија).

Веб страницата е создадена во рамки на проектот Проектот Енергетска ефикасност за семејства со ниски приходи – REELIH на Habitat for Humanity во партнерство со USAID. Оваа веб-страница е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Содржините на веб-страницата им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави. Сите податоци објавени на оваа веб страница се од информативен карактер и не може да предизвикаат правни дејствија и правни последици по Хабитат Македонија. Веб страницата како Ресурсен центар користи информации од многу надворешни врски, и периодично се ажурира, па во таа насока за цитирање на извори и за точни податоци секогаш користете ги врските/ линковите на надворешните извори на информации. Веб страницата е достапна и отворена за користење и информирање сите посетители бесплатно и без регистрација.

Хабитат Македонија го задржува правото да воведе регистрација или да ги промени условите за користење во иднина. Корисниците на веб страницата се обврзуваат дека нема да репродуцираат, дистрибуираат, пренесуваат, или препродаваат било која содржина добиена преку веб страницата без претходно одобрување од Хабитат Македонија.

Хабитат Македонија не одговара за точноста на податоците на надворешните линкови. Хабитат Македонија го задржува правото во било кое време да ги менува содржината и дизајнот на својата веб страница.

Корисникот се согласува дека комуникацијата која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.