Проект SUNRISE – Потрошувачи-производители на соларна енергија

Проектот Sunrise е дел од Европската климатска иницијатива, European Climate Initiative – EUKI https://www.euki.de/en/. EUKI е инструмент за финансирање на проекти на Германското федерално министерство за економски работи и климатска акција, BMWK https://www.bmwk.de/Navigation/DE/Home/home.html. Конкурсот на EUKI за проектни идеи е имплементиран од страна на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH. Неговата примарна цел е EUKI да ја унапреди соработката во однос на климата во рамки на Европската Унија со цел да се намали емисијата на стакленички гасови.

Проектот SUNRISE го поддржува амбициозниот Зелен Договор на ЕУ за постигнување на климатска неутралност во 2050 година и за декарбонизација на енергетските системи преку зголемување на употребата на обновливи извори на енергија во домаќинствата, особено на оние кои живеат во станбени згради.

Најистакната технологија за само-производство на енергија е сончевата енергија, особено соларните панели – фотоволтаици. Проектот SUNRISE има за цел да иницира   и да ја прошири употребата на  соларната енергија во домаќинствата во станбените згради преку размена на искуства и споделување знаења. Со проектот се идентификуваат пречките и можностите на национално и локално ниво за да се развијат решенија за поставување на „plug-in“ фотоволтаици на станбени згради. Идејата е дека со поставување на приклучните модули со релативно ниска цена на чинење ќе се зголеми свесноста на сопствениците на станови за потенцијалот на сончевата енергија и ќе иницираат поголеми инсталации на среден рок. За да се ​​применуваат овие технички решенија кои влијаат и врз климатските акции, со проектот е планирана инсталација на пилот приклучни фотоволтаици во домаќинствата во станбени згради. Преку нивното поставување во домовите треба да се тестира овој пристап и да ја подигнат свесноста кај домаќинствата и релевантните чинители за употребата на соларната енергија. Истовремено, проектот SUNRISE ја истражува улогата што заедниците на сопственици на станови можат да ја имаат во користењето на соларната енергија за домаќинствата во станбени згради, како и можностите за организирање во т.н. енергетски задруги.

Земји во кои ќе се спроведува проектот: Литванија – поширокиот регион на Вилниус, Бугарија – во општините Дупница и Ботевград и Македонија – во општините Карпош и Битола.

Финансирање:  Преку програмата за финансирање European Climate Initiative (EUKI) 2022

Времетраење на проектот: 01.11.2022 – 30.04.2025

Партнери, имплементатори на проектот:

  • Initiative Wohnungswirtschaft Osteuropa (IWO) e.V. / Housing Initiative for Eastern Europe – Берлин, Германија,
  • Фондация „Подслон за човечеството / Fondacia Podslon za chovechestvoto /Habitat for Humanity Bulgaria – Софија, Бугарија
  • Vartotoju aljansas / Lithuanian Consumers Alliance – Вилниус, Литванија
  • Nadacia Habitat for Humanity International – Братислава, Словачка
  • Deutsche Gesellschaft fur Sonnenenergie Landesverband Berlin Brandenburg e.V. /  German society for solar energy section Berlin Brandenburg – Берлин, Германија
  • Здружение за хумано домување Хабитат Македонија – Скопје, Македонија

Цел на проектот:  Зголемување на употребата на обновливите извори на енергија во станбениот фонд од страна на индивидуалните сопственици/станари, следејќи го концептот на Потрошувачи – производители на соларна енергија.

Главни активности на проектот SUNRISE:

  • Подобрување на соработката помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за поттикнување на користењето обновливи извори енергија во станбениот сектор.
  • Зајакнување на капацитетите на т.н. просјумери (производители – потрошувачи) за користење на обновливи извори на енергија.
  • Пазарно ориентирани финансиски модели за поголемо вклучување на обновливите извори на енергија во домаќинствата.
  • Подобрување на информираноста на граѓаните за употребата на обновливи извори на енергија во домаќинствата во станбени згради.

Главни области на експертиза и поле на интерес се: домување и енергетска ефикасност (особено во станбени згради); енергетска сиромаштија; ангажман на заедницата на сопствениците на станови.

Информации