Современото општество се карактеризира брз развој на индустријата и технологијата, дигитализација на сите сфери во животот, што создава сложени социјални и економски меѓусебни односи, урбанизација, хетерогеност на потребите, перспективите и капацитетите на луѓето. Општеството, како комбинација на поединци со различни потреби и очекувања, главно се разгледува од три различни аспекти на чинители, и истото се однесува кога го разгледуваме прашањето на енергетска ефикасност во домувањето:
- Јавен сектор (локални, национални власти, здравствени и културни институции, владини тела и агенции, стручна јавност итн.);
- Приватен сектор (компании, мали и средни претпријатија, приватни училишта, финансиски институции и банки, компании за управување со станбени згради итн.); и
- Граѓански сектор (НВО со различни области на интерес, формални и формални здруженија на граѓани, религиозни и верски организации, синдикати, комори, индивидуалци итн.).
Сите овие групи на чинители и поединечните градат еден сложен меѓусебно зависен еко-систем од кој зависи унапредувањето на енергетската ефикасност во домувањето.