Веб страницата www.domuvanje.org.mk првично е создадена во 2013 година, посветена на домувањето во станбени згради. Веб страницата за домување се реализираше како дел од проектот на УСАИД и Хабитат Македонија Енергетска ефикасност во секторот домување, со основна цел да придонесе кон ефикасно и ефективно справување со проблемите и прашањата кои произлегуваат од домувањето во станбени згради.
По завршување на проектот, Хабитат Македонија продолжи со одржување и збогатување на содржините, создавајќи веб страницата целосно посветена на домувањето во станбени згради со корисни информации за закони и правилници кои го регулираат домувањето во станбените згради, практични совети за станарите во станбените згради, информации за добавувачи на услуги кои придонесуваат кон квалитетно домување (поправки, одржување на лифтови, правни и сметководствени услуги за куќните совети, снабдување со електрична и топлинска енергијаманифестација на енергија како топлина содржана во носителот на енергијата (цврста, течна или гасна состојба), a се пренесува при постоење на разлика на температурата More, водовод и канализација и друго), прашања и одговори за теми од областа на домувањето и други важни работи за квалитетно живеење. Архива – старата веб страница
Денес, во 2022г., следејќи ги актуелните состојби во светот поттикнати од зголемените потреби за енергетска ефикасност и заштеда на енергија, отвораме нова димензија на www.domuvanje.org.mk изградувајќи го во вистински ресурсен центарЗбирка на услуги, материјали, научни трудови, инструменти, алатки од различни извори обединети околу иста тема More за енергетска ефикасност во домувањето. Формирањето на овој ресурсен центарЗбирка на услуги, материјали, научни трудови, инструменти, алатки од различни извори обединети околу иста тема More е следната фаза во проектот REELIH – Енергетска ефикасност за семејства со ниски приходи во партнерство со USAID.
Доколку имате потреба од дополнителни информации, појаснувања, совети, побарувања за енергетско ефикасно реновирање на станбена зградапокриена градба што има ѕидови и во која се користи енергија за греење и климатизација на внатрешниот простор и може да се однесува на зграда како целина или на делови од зграда што се наменети или пренаменети за засебно користење More, или доколку имате научен труд или публикација кои сакате да ги објавите и споделите, а ја опфаќаат темата на енергетска ефикасност во домувањето ве покануваме да нѐ контактирате: