Домаќинствата без разлика дали живеат во индивидуални објекти за домување или во станбени згради се значајни потрошувачи на електрична енергија, како и енергија за греење и ладење. Во насока на подобрување на енергетската ефикасностзголемување на енергетската ефикасност како резултат на технолошки промени, промени во однесувањето и/или економски промени More во рамките на секој дом важно е да се истакне дека придобивките се бројни не само за домаќинствата, туку и за сите чинители во општеството:
- Намалување на трошоците на домаќинствата при зголемување на цените за електрична енергија,
- Зголемување на енергетската сигурност и стабилност,
- Зголемување на инвестициите потребни за снабдување со енергија,
- Намалување на загадувањето во воздухот и емисиите кои предизвикуваат глобално затоплување,
- Зголемување на бројот на квалификувани и неквалификувани работни места,
- Намалување на трошоците за енергија во националните и општинските буџети,
- Подобрување на конкурентноста во економијата.
Интервенциите во енергетската ефикасност во домаќинствата можат да доведат до значително подобрување на условите за живеење преку намалување на трошоците за енергија и емисиите на јаглерод диоксид. Ваквите интервенции зависат во голема мерка од големината и обликот на зградата, материјалот на обвивката на зградата, градежната техника, локацијата и навиките на станарот.
Покрај мерките за подобрување на енергетските карактеристики на објектите, интервенции во системите за греење и ладење, набавка на ЕЕ уреди за домаќинство, важно е да се развива и промовира енергетски ефикасен модел на однесување, кој е широко распространет во најразвиените земји во светот и сè повеќе станува одраз на културата. Македонија троши повеќе електрична енергија од просекот во светот по единица социјален производ, а во иднина мора да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија, со цел да ги зачуваме нашите природни ресурси за идните генерации.
Генералните препораките за подобрување на енергетската ефикасностзголемување на енергетската ефикасност како резултат на технолошки промени, промени во однесувањето и/или економски промени More во домовите се однесуваат на 4 групи, односно категории на применливи мерки кои се креирани во зависност од висината инвестициските трошоци потребни за имплементација на истите.
- Група на основни и лесни за примена мерки за енергетска ефикасност кои главно се однесуваат на промени во ставовите и во однесувањето на станарите (генерално се бесплатни).
Такви мерки се:
Регулирање на термостати на радијатори за централно греење и бојлери, исклучување на осветлување и енергетски уреди, употреба на природно (дневно) осветлување, избор на начин на греење и ладење, прилагодување начинот на експлоатација на апарати за домаќинство (ладилници и замрзнувачи, машини за перење, печки, климатизери, итн.) итн.
- Мерки за енергетска ефикасност со ниски трошоци за инвестиции (до 150 евра).
Такви мерки се:
Изолација на врати и прозорци, квалитетна вентилација, енергетски ефикасно осветлување и употреба на прекинувачи за време (тајмери), инсталација на термостатски вентили на радијаторот итн.
- Мерки за енергетска ефикасност со средни инвестициски трошоци (од 150 до 550 евра). Такви мерки се:
Замена на контролните механизми за системи за греење на топла вода, набавка на енергетски ефикасни апарати за домаќинство, одржување на котларницата итн.
- Долгорочни мерки за енергетска ефикасност со потреба од значителна финансиска инвестиција (над 550 евра).
Такви мерки се:
Поставување на фасадна топлинска изолација, Замена на дограмата, Замена и изолација на покрив, Изолација на таваните на подрумските простории, Комплетна замена на застарените електрични апарати во домаќинствата со современи, Замена на котли со системи за греење, соларни системи за греење на топла вода итн.