Заштеда на електрична енергија може да се направи при готвење, со промена на само неколку навики. Она што е многу важно е дека на многу едноставен начин може да се намали поголемата потрошувачка и со тоа и сметките за електрична енергија.
- Садот за готвење секогаш треба да биде покриен. На тој начин, топлината останува на подлогата подолго, а кондензацијата на пареата во кујната се намалува. Готвењето со капак може да заштеди до 20% од електричната енергија за готвење.
- Садовите треба да бидат прилагодени според количината на храна што се подготвува. Подготвување помала количина на храна во големо тенџере значи губење на енергија.
- Исто така, треба да се прилагоди големината на тенџерето на ринглата на шпоретот – помало тенџере на поголема рингла значи залудно трошење на енергија.
- При подготовка на кафе и чај, треба да се загрее само потребната количина на вода. Со покривање на садот со капак, водата ќе зоврие побрзо. Подобро и поефикасно решение е ако за подготовка на топла вода за кафе и чај се користи кетлер, грејач за вода или електричен бокал.
- Дното на тавата во која се готви треба да е мазно и рамно. Храната ќе се готви побрзо ако тавата подобро лежи на ринглата на шпоретот.
- При готвење, треба да се користи минималната моќност на греењето што е потребно. Откако водата ќе зоврие, се намалува грејната моќност на најниско можно за да остане да врие. Со поголема јачина нема да се постигнете побрзо варење на храната, туку само водата ќе испари побрзо.
- доколку се исклучи плочата за готвење неколку минути пред да биде готово јадењето, ќе се задржи висока температурата, а храната ќе продолжи да се готви.
- Стаклено-керамичката грејна плоча ја насочува топлинската енергија на самото дно на садот многу прецизно, така што е поефикасна од класичните грејни плочи.
- Кога се готви на шпорет на гас, треба да се провери дали пламенот не е премногу силен и не кружи околу садот. Ова не само што е опасно, туку и дополнително ја троши топлинската енергија.
При печење, рерните со вентилатор се особено ефикасни и може да заштедат 10-15% енергија. Само некои јадења бараат загревање на рерната до посакуваната температура. На секои 10 минути загревање рерната троши 0,06kWh, што со честа употреба во текот на годината може да придонесе за зголемување на годишните сметки за електрична енергија. Вратата на рерната треба да се затвори што е можно побрзо бидејќи 20% топлина се губи секогаш кога ќе се отвори, а може да се исклучи 10 минути пред крајот на печењето затоа што ја задржува топлината подолго. Редовното чистење на рерната штеди и струја и пари.
Енергетски ефикасно чување на храна
Фрижидерите се втор по големина потрошувачфизичко или правно лице кое набавува енергија за сопствена финална употреба More во кујната.
Затоа при набавка на фрижидер и замрзнувач треба да се изберат такви уреди коишто одговараат на потребите на семејството. Фрижидерот со среден капацитет троши 300kWh годишно, без оглед дали е полн или празен, а месечната потрошувачка се зголемува за 10-20kWh на секои 100 литри дополнителен капацитет. Препорачаната моќност на ладилникот изгледа вака: за едно лице од 100 до 150l, за 2-4 лица од 220 до 280l, за повеќе од 5 лица до 300l. Со купување на фрижидер кој е преголем за потребите, непотребно се троши енергија.
- При поставувањето на фрижидер и замрзнувач, треба да се остави доволно простор за вентилација помеѓу задниот дел на уредот и ѕидот (околу 10см) за да се избегне прегревање, а со тоа и зголемена потрошувачката на електрична енергија.
- Фрижидерот и замрзнувачот треба да бидат поставени на најстуденото место во домот (никогаш во близина на шпорет, радијатор или котел). Постуден простор значи поголема заштеда на енергија, бидејќи секој степен може да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 6%. Исто така, фрижидерите и замрзнувачите не треба да бидат изложени на сончева светлина.
- Се препорачува повремено чистење на фрижидерот (внимателно за да не се оштетат цевките) од прашина на задниот дел од фрижидерот каде што се распрснува топлината.
- Пред да се отвори вратата на ладилникот, треба да се размисли што е потребно за да не се чува вратата отворена подолго време.
- Најдобро е термостатот да биде поставен во средната положба. Пониската температура не значи и подобро ладење и чување на храната, а потрошувачката на енергија може да се зголеми за 10-15%. Не се ставаат топли јадења или топли садови во фрижидери и замрзнувачи. Пред да замрзнување на топла храна, треба да се излади на собна температура, потоа во фрижидер, па дури потоа оди во замрзнувач.
- Замрзнатата храна треба прво да се одмрзнува во фрижидер, бидејќи на овој начин замрзнатата храна кога се одмрзнува „бесплатно“ лади друга храна во фрижидерот. Фрижидерите и замрзнувачите треба да се одмрзнуваат навремено (кога дебелината на мразот достигнува од 3 до 5мм), бидејќи тоа заштедува енергија и го продолжува работниот век на уредот. Стандардната температура на замрзнување е -180C, и ако се постави температурата за 1 степен повисоко, можете да се зголеми потрошувачката на електрична енергија за 5%.