Микробрановата печка ја загрева храната од краевите кон средината, па при готвење на поразновидна храна, поголемите парчиња се ставаат од надворешната страна, а потенките и помали парчиња од внатрешноста на микробрановата печка.
Кај електричниот бокал доколку грејачот е покриен со наслаги од варовник потребно е повеќе време и енергија да се загрее водата отколку во чистиот, и затоа треба редовно се чисти грејачот од варовник. Можете лесно да се исчисти користејќи јаболков оцет. И секогаш треба да се загрева само количината на вода што е потребна за кафе, чај или нешто друго.
Енергетски ефикасна употреба на компјутер, лаптоп, мобилен телефон, дигитален фотоапарат
Секогаш треба да се исклучува компјутерот кога не се користи. Доколку сепак треба да се остави компјутерот вклучен додека не се работи на него, треба да се исклучи мониторот, бидејќи тој троши повеќе од половина од енергијата на целиот систем. И покрај предрасудите, вклучувањето и исклучувањето на компјутерот не троши дополнителна енергија, ниту го оптоварува компјутерот, туку го продолжува животниот век на компонентите и овозможува заштеда. Ако мониторот е вклучен цела ноќ, троши енергија доволна за загревање на 6 јадења во микробранова печка.
Полначите за мобилни телефони, лаптопи и дигитални фотоапарати трошат енергија и кога се полнат уредите и кога се приклучени на штекер без уреди на другиот крај. Доказ за тоа е фактот дека полначите што се вклучени во штекерот, иако не се во функција на полнење, сепак се загреваат.
Енергетски ефикасна употреба на ТВ, ДВД, музички систем
Функцијата „мирување – stand-by“ во разни домашни уреди, особено ТВ и ДВД, троши до 6% од електричната енергија во домаќинството. Особено, телевизорот во режим на подготвеност троши до 24% енергија во споредба со времето кога е вклучен.
Слично на тоа, другите електрични уреди во режим на подготвеност можат да достигнат до 10% од вкупната потрошувачка на електрична енергија годишно.
Бидејќи овие уреди се претежно блиску еден до друг, вреди да се вклучат во еден сплитер, т.е. продолжен кабел, така што сите ќе можат да се вклучуваат и исклучуваат со едно притискање на копче при напуштање на станот или пред спиење.