Наслов: | Иницијатива за економска отпорност-Инфраструктурна техничка помош TA2017141 R0 ERI 16-WBK-REG-ENE Физибилити студија за резиденцијална енергетска ефикасност во Западен Балкан, Нацрт извештај за анализа на ситуацијата |
Оригинален наслов: | Economic Resilience Initiative-Infrastructure Technical Assistance TA2017141 R0 ERI 16-WBK-REG-ENE Feasibility Study for Residential Energy Efficiency in Western Balkans, Draft Situation Analysis Report |
Автори: | Senad Mrkaljevic |
Година на издание: | 2020 |
Проект/ издавач: | Проект на WYG ERI-Ita Consortium / ERI ITA, European Investment Bank |
Резиме: | Овој извештај за анализа на ситуацијата се заснова на деск и теренската работа на тимот од експерти кои работат на Задача ERI-ITA за енергетска ефикасност во станбени згради во Западен Балкан. Извештајотги анализира релевантните услови во Северна Македонија и Босна и Херцеговина кои ќе помогнат да се одреди ефикасен модел на финансирање за спроведување на енергетски ефикасна програма во станбениот сектор во двете земји. Анализата ги опфаќа социо-економските услови, правната средина, потенцијалните извори на финансирање и постојните програми за енергетска ефикасност во двете земји. Информациите ги претставуваат елементите за следната фаза во процесот на развој на остварлива програма и модел на финансирање погоден за поддршка од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Habitat for Humanity International (HfHI). Анализата ги прикажува условите кои преовладуваат во секоја земја посебно – а во случајот на БиХ, ги идентификува релевантни разлики меѓу ентитетите, како и идентификување на различни состојби во кантоните на Федерацијата (ФБиХ). |