Подобрувањето на енергетската ефикасност во станбените згради е во непосредна и директна зависност од организираноста на станарите и управувањето на станбените згради. Во таа насока во овој Ресурсен центарЗбирка на услуги, материјали, научни трудови, инструменти, алатки од различни извори обединети околу иста тема More одвојуваме дел за Домувањето во станбени згради за да дадеме брз преглед, насоки и извори каде што може да се најдат деталните релевантни закони, права и обврски на станарите во однос на домувањето во станбени згради.
Законот за домување дефинира дека објектите за домување можат да бидат станбени, станбено-деловни и деловно-станбени. Станбените објекти за домување во зависност од бројот на становите во нив, можат да бидат едностанбени објекти и повеќестанбени објекти, а според начинот на нивната употреба станбени објекти за посебна намена. Едностанбени објекти се самостојни семејни куќи, вили, атриумски куќи, куќи во низ и куќи за одмор. Повеќестанбени објекти се станбени згради со два или повеќе стана кои можат да бидат станбени блокови, повеќекатници и солитери. Станбени објекти за посебни намени се станбени згради наменети за времено сместување на лица во социјален ризик согласно со прописите за социјална заштита, објекти за самци и домови (ученички, студентски, работнички, воспитни, домови за заедници и домови за терапевтски групи). Ако во објектот има и станбени и деловни простории, а повеќе од половината од просторот е наменет за домување, објектот е станбено-деловен, а доколку во објектот повеќе од половината од просторот е наменет за извршување на деловни и други стопански дејности, објектот е деловно-станбен. Овде ги разгледуваме станбените згради.
Составни делови на станбените згради
Повеќестанбените објекти (станбените згради) се состојат од посебни, заеднички и посебни заеднички делови.
- Посебни делови во станбените згради се становите, единиците за престој, деловните простории или други самостојни простории што им припаѓаат на одделни посебни делови.
- Заеднички делови во станбените згради се заедничките простории и земјиштето што претставува заедничка сопственост на сите сопственици на посебните делови, заедничките градежни елементи, заедничките инсталации, уредите и опремата.
- Посебни заеднички делови во станбените згради се заедничките простории кои се наменети за користење на ограничен број на сопственици на посебните делови од станбената зградапокриена градба што има ѕидови и во која се користи енергија за греење и климатизација на внатрешниот простор и може да се однесува на зграда како целина или на делови од зграда што се наменети или пренаменети за засебно користење More, како што се етажни лоѓии, сушалници и други простории наменети само за одделен број корисници.
Најчесто се поставува прашањето околу одржувањето и реновирањето на заедничките делови на станбените згради, како и на посебните заеднички делови.
Законодавство и регулатива на домувањето
За домувањето во станбени згради во нашата земја е надлежно е Министерството за транспорт и врски и Регулаторната комисија за домување, повеќе информации https://www.rkd.gov.mk/za-nas.
Домувањето е регулирано со Закон за домување, Правилници и уредби за домување кои произлегуваат од Законот за домување. Интегрални текстови и документи се достапни на https://www.rkd.gov.mk/regulativa/zakoni
Невладини организации кои го поддржуваат прашањето за домувањето во станбени згради
Хабитат Македонија, во рамки на својата мисија, активно учествува во подготовката на законските решенија, се залага за заживување на Законот за домување и комплетирање на законската рамка, како и за воспоставување отворен дијалог за подобрување на квалитетот на домувањето во Македонија. Работи на реализација на активности кои ќе доведат до подобрување на информираноста на граѓаните за правата и обврските во домувањето, зајакнување на нивните знаења и вештини за менаџирање на домувањето во колективните станбени згради, развива соработка со сите релевантни институции, организации и здруженија на национално и меѓународно ниво, спроведува истражувања, и други активности за хармонизирано домување. За повеќе информации за Хабитат Македонија, посетете ја веб страницата www.habitat.org.mk
Хабитат Македонија во 2014 година изработи илустриран Прирачник за управување и живеење во станбени згради https://issuu.com/manche/docs/prirachnik_stanbeni_finalna-verzija
Активна на полето на домувањето е и Организацијата за домување и станари ОДС е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
ОДС се залага за остварување цел на унапредување на домувањето, животните услови и правата на станарите во Република Северна Македонија. Повеќе информации: https://hto.org.mk/