Пактот на градоначалници на ЕУ за клима и енергија (Covenant of Mayors) обединува илјадници локални самоуправи доброволно посветени на имплементација на климатските и енергетските цели на ЕУ. Пактот на градоначалниците беше е формиран во 2008 година во Европа со амбиција да се соберат локалните самоуправи доброволно посветени на постигнување и надминување на климатските и енергетските цели на ЕУ. Иницијативата сега обединува над 9.000 локални и регионални власти во 57 земји.
Обврските на потписниците се дадени во мотото на самиот Пакт: Посвети се, ангажирај, дејствувај, вмрежи се.
Градовите/ општините потписнички ветуваат акција за поддршка на имплементацијата на целта на ЕУ за намалување на стакленички гасови од 55% до 2030 година и усвојување заеднички пристап за справување со ублажувањето и прилагодувањето кон климатските промени.
Со цел нивната политичка посветеност да се преточи во практични мерки и проекти, потписниците на Пактот се обврзуваат да поднесат, во рок од две години по датумот на одлуката на локалниот совет, Акционен план за одржлива енергија и клима (СЕЦАП) во кој ќе бидат наведени клучните активности што планираат да ги преземат.
Планот ќе содржи попис на емисиите за следење на активностите за ублажување и проценка на климатските ризици и ранливоста. Стратегијата за адаптација може или да биде дел од SECAP или да се развие и вклучи во посебен плански документ.
Од Македонија потписнички на Пактот на градоначалници се општините Струга, Кочани, Тетово, Куманово, Струмица и градот Скопје.