Најдобри практики

Наши успешни приказни

ЕЕ реновирање на станбени згради

Хабитат Македонија повеќе од деценија работи на подобрувањето на енергетската ефикасност на станбените згради во Македонија. Во рамки на проектите на Хабитат Македонија од 2009 година до денес обезбедени се мерки за енергетска ефикасност на околу 60 станбени згради со околу 1900 станбени единици со што активно се вклучуваме во намалувањето на влијанието на станбените згради врз климатските промени со вкупни годишни заштеди во енергија од 7.910 MWh и намалување на емисиите на CO2 на годишно ниво за 3.670t. Најважно речиси 2000 семејства имаат потопли домови.

 Сторијата на BBC за проектот на Habitat for Humanity и USAID – REELIH со кој заедно со станарите и здруженијата на станари се реновираа зградите со цел да се подобри нивната енергетска ефикасност, но и животот на луѓето што живеат таму. Господинот Миле Златев е еден од сопствениците на станови кој активно се вклучи во овој проект и ги организираше станарите од неговата зграда со 110 станови и заедно со Хабитат Македонија, УСАИД, општината и станарите обезбедија енергетска ефикасност на станбената зграда. Целата сторија е достапна овде https://www.bbc.com/storyworks/building-communities/refurbishing-and-repairing-north-macedonias-apartments

  • Скопјанката Лиле Кик ги истражува придобивките од реновирањето на станбените згради за енергетска ефикасност преку непрофитната програма за поволни заеми од Хабитат Македонија https://www.youtube.com/watch?v=6IMly9269fs&t=89s
  • Стории за семејствата Бајрам од Скопје и Велев од Велес за Financial Times за нивните ЕЕ реновирани домови https://www.ft.com/content/c7be121a-f8b0-11e8-af46-2022a0b02a6c
  • Енергетски реновирани домови како дел од решението за загадувањето на градот – видео на Contrast VR и Habitat for Humanity https://www.youtube.com/watch?v=GTduJuTNTCQ

 

Проект за подобрување на енергетската ефикасност на станбена зграда во која е сместено Здружение на пензионери во Кавадарци

Преку стручен инженерски надзор ги согледа супстандардните и нездрави услови за живеење во зградата во која е сместен Домот на пензионерите во Кавадарци и итната потреба од нејзино реновирање и обновување на енергетската ефикасност. Становите беа со многу лоша фасада, со влажни ѕидови, со стари прозорци кои не можеа да ја дадат потребната заштита од атмосферските влијанија. Дневниот центар за пензионерите кој е секојдневно многу посетен го користи и Здружението на пензионери – инвалидизирани лица кое во истата зграда има и своја канцеларија. За проектот „Енергетска ефикасност за Здружението на пензионери во Кавадарци” здружението беше селектирано освен поради евидентната потреба за реновирање на зградата туку и поради големата заинтересираност на неговите членови. Влијаеше и подготвеноста за соработка на Општината и локалната самоуправа, потенцијалот на бизнис секторот како и можностите за развој на пазарот на материјали за енергетска ефикасност.

Домот на пензионери во Кавадарци, сместен во зграда во центарот на градот, е реновиран со проект на Хабитат Македонија и Фондацијата Saint-Gobain Initiatives во периодот од 2017 до 2018 година. Главните придобивки од проектот се: подобрени услови за социјално домување на пензионерите, интеграција на млади луѓе преку волонтерска работа и едукација, придонес кон намалување на потрошувачката на енергија и зачувување на животната средина.

Поврзани објави

Поврзани објави