Најдобри практики

Сертифицирање според ееа

Европското енергетско признание (eea – European Energy Award) е систем за управување и доделување на квалитет за општини и региони. Ги поддржува локалните власти во воспоставувањето интердисциплинарни пристапи за планирање и имплементирање ефективни мерки за енергетска и климатска политика. Бројот на сертифицирани локални власти покажува постојан раст во текот на изминатите десет години. На почетокот на 2020 година, од вкупно 1.639 локални власти учеснички, на 1028 им е доделено Европското енергетско признание, од кои на 148 им е доделено златно ниво на Европско енергетско признание.

Неколку причини зошто општините во Европа ја одбираат методологијата на Европското енергетско признание (eea – European Energy Award) како систем за управување со квалитет:

  • ееа е ефикасен инструмент за управување кој носи бројни придобивки – ееа се состои од континуиран процес на управување кој ги води и мотивира локалните власти кон постојано подобрување на нивните енергетски и климатски политики. Добро структурираниот процес овозможува енергетските цели да се постигнат побрзо.
  • Се зголемува квалитетот на акциите и политиките на општините преку обуки од страна на надворешни експерти за енергија – секој локален орган е помогнат од надворешен енергетски консултант, кој обезбедува техничка и организациска поддршка во текот на целиот процес на добивање на европското енергетско признание. Акредитиран ревизор за ееа ги прегледува активностите и рејтингот на локалните власти за да обезбеди усогласена примена на системот за сертификација.
  • Општините имаат пристап до збирка на национални алатки за поддршка – сите национални организации на ееа развиваат алатки и листи за проверка специфични за земјата за да го олеснат спроведувањето на конкретните мерки од страна на локалните власти. Овие национални алатки претставуваат суштински дел од процесот на ееа.
  • Доделувањето на признанието создава видливост – Сертификацијата со Европското енергетско признание им дава поттик на локалните власти да ги зајакнат своите активности и е одлично за промотивни цели.
  • Овозможува редовна размена на искуство и обука – Примерите за најдобра практика редовно се споделуваат во национална и меѓународна размена на искуства. Заедничките идентификувани слабости се решаваат од националните организации за ееа во специфични обуки за локалните власти.

Хабитат Македонија е единствен носител за Македонија на Лиценцата за користење на ексклузивните права на Европското енергетско признание – European Energy Award (eea) и тоа за трговската марка и право за користење и имплементација на процесите и инструментите на ееа во нашата земја во процесот на сертификација на општините за ееа. Лиценцата е доделена на Хабитат Македонија за почетен период од две години од страна на Association European Energy Award AISBL со седиште во Брисел, Белгија.

Примената на методологијата на eea е основата на проектот „EXCITE“, или „Стандарди за одличност, инвестирај во доверба – сервиси за енергетски менаџмент прилагодени на локалните власти во Источна Европа“. Овој проект има за цел, директно да ги подобри климатските акциски планови во 25 општини ширум Европа и да влијае најмалку врз 100 други општини преку рационално искористување на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија и тоа во Бугарија, Словенија и Македонија. Во Македонија носител на проектот е Хабитат Македонија, а се спроведува во општините Карпош, Кочани и Кичево. Проектот е со финансиска поддршка од Програмата за истражување и иновации на Европската Унија „Хоризонт 2020“.

https://www.european-energy-award.org/welcome-to-the-european-energy-award

Поврзани објави

Поврзани објави