ЕЕ во домувањеОбновливи извори за ЕЕ

Обновливи извори во домот

Употреба на обновливи извори на енергија за покривање на потребите на домаќинствата, откога се преземени мерки за подобрување на енергетската ефикасност на домовите или зградите, е важен чекор за намалување на зависноста на објектите од користењето на комерцијални и конвенционални енергенси од една страна, а од друга страна значително ги намалува трошоците за секојдневното користење на енергија. Почетната инвестиција во технологија за користење на обновливи извори е можеби висока – но придобивките се и долгорочните заштеди се значајни.

Најчесто користени обновливи извори во домувањето:

Соларни колектори

Сончевата енергија е најистакната технологија за само-потрошувачка на енергија, бидејќи е широко распространета,  лесно достапна, со прифатлива цена за поголем број на домаќинства.

Фотоволтаичните системи, односно сончеви колектори, генерираат електрична енергија директно од сонцето користејќи соларни панели кои се интегрирани во градежните конструкции, на покрив, ѕидови или дури прозорци (со користење на проѕирни панели). Енергијата добиена преку соларните системи може да се користи директно на самото место, да се пренесува до јавните електродистрибутивни мрежи или да се складира во батерии кај самиот произведувач-потрошувач на соларна енергија.

Денес сончевата енергија е и финансиски најконкурентна бидејќи се смената дека просечен период за поврат на инвестицијата во соларен систем е само седум години.

Соларната енергија во домаќинствата најмногу се користи за добивање на топла вода, но и за греење и ладење. Панелите на покривот функционираат како собирачи на сончева светлина, кои содржат цевки со течност во нив. Сончевото зрачење ја загрева течноста во цевките кои потоа се транспортираат во системот за греење подготвени за употреба, на пр. за греење вода.

Препорачана големина на соларни колектори е:

  • За поддршка за греење во станбени објекти: 0,5 – 0,8m² колекторска површина на 10m² загреана станбена површина,
  • За производство на топла вода во станбени објекти: приближно 1,5 m² по лице.

Топлински пумпи

Топлинските пумпи работат преку искористување на топлината од атмосферата, површинските води, земјината кора или од подземните води. Енергијата се извлекува преку систем на размена на топлина и која потоа се спроведува и концентрира во процесите на топлинската пумпа. Во овој процес температурата на циркулирачката течност се зголемува до 30-50/60°C.

Иако за работа и напојување на топлинската пумпа потребна е мала количина електрична енергија, односот на произведената топлина спрема потрошена електрична енергија во топлинските пумпи е значаен. Доколку е потребно, топлинската пумпа може да работи и на обратен режим, односно да овозможи и ладење на просторијата.

Топлинските пумпи во голем број случаи претставуваат најекономично решение за загревање и ладење на домови и други простории каде што престојуваат луѓе.

Користење на биомаса за енергенс

Биомасата е растителен или животински материјал кој се користи како гориво за да се произведе електрична енергија или топлина. Примери се дрво, енергетски култури и отпад од шуми, дворови или фарми. Горива од биомаса повеќе се користат во домаќинствата заради заштита на животната средина и како замена за поскапите фосилни горива, но вистинските заштеди на енергија во домаќинството не се решаваат на долг рок, особено што користењето на био-маса во домаќинствата генерално се користи само за греење, но не и за ладење или производство на топла вода во домот.

Поставување на ветерни турбини

Ветерните турбини се едни од најистакнатите решенија за обновлива енергија. За приватни згради употребата на мали ветерни турбини на самото место може да биде прифатлива алатка. Сепак, перформансите се често неконзистентни ако не се правилно инсталирани или условите на ветерот не се правилно измерени.

Поврзани објави

Поврзани објави