Програмата за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој, во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата. Вкупниот обем на кредитната линија во Западен Балкан, имено во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Северна Македонија, изнесува 85 милиони Евра. GEFF во Западен Балкан се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), и е поддржан од грант средства од Европската Унија, Инвестиционата Рамка на Западен Балкан и Австриското сојузно министерство за финансии.
Партнери: Финансирањето со GEFF се одвива преку локалните банки партнери во Програмата, кои ја користат кредитната линија да ги финансираат подобните заемобаратели со инвестиции во подобни проекти.
Програмата има развиено база на податоци на материјали и технологии со високо ефикасни карактеристики и апарати за домаќинство кои ги задоволуваат стандардите за изведба поставени од ЕБОР за GEFF во Северна Македонија и подобните проекти и производи може да се проверат преку веб страницата на GEFF за Македонија.
Следните категории на заемобаратели се подобни за заем во согласност со програмата:
- Индивидуи кои поседуваат или живеат во куќа или стан во кој планираат да ја имплементираат подобната инвестицијата.
- Групи на индивидуи, здруженија за домување, здруженија на сопственици на повеќекатни згради или други еквивалентни тела кои ги претставуваат интересите на станарите.
- Даватели на услуги,како компании за управување со домување и компании за енергетски услуги (ESCO) кои пружаат одржување, управување, инсталација, конструкција, реновирање и слични услуги, според договор со индивидуи и Здруженија за домување.
- Трговци,кои пружаат и/или продаваат подобни технологии наведени на Селекторот на технологија.
- Производители,кои произведуваат подобни технологии наведени на Селекторот на технологија и планираат да го одржат или зголемат овој дел од нивното производство.
Повеќе информации: https://ebrdgeff.com/macedonia/mk/