За да се осигури дека домот (станот) има минимална загуба на топлина, потребно е соодветно да се изолираат sидовите, покривот и подрумот и да се инсталираат прозорци и врати со најнизок можен коефициент на пренос на топлина.
Изолацијата на објектот или доколку станува збор за станбена зградата со изолациски материјал од 10см драстично ќе ја намали потрошувачката на енергија за греење и ладење.
Со поставување на топлинска изолација и реновирање на фасадата на зградата, можно е да се постигне намалување на вкупната загуба на топлина на зградата за најмалку 40%.
Предлог мерки за подобрување на изолацијата:
- Замена на старите надворешни врати со двојни врати или современи изолирани врати;
- Доколку прозорците се стари, може да се постави самолеплива лента за изолација на прозорците и вратите за да се спречи истекување на воздухот;
- Поставување на ниско-енергетски прозорци, бидејќи тие ги намалуваат енергетските трошоци и помагаат да се спречи кондензација на влага на стаклените површини;
Затворање/ спуштање на надворешните и внатрешните ролетни за време на студените зимски ноќи и врелите летни денови.